::: Regionalne vesti iz kulture ::: Književnost ::: Muzika ::: Pozorište ::: Film ::: Konkursi ::: Promocije ::: Knjige::: Izložbe:::
27. 4. 2015.
Книжевна вечер со Дејан Матиќ, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа
Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки и Градот Скопје, во Скопје во текот на април престојува Дејан Матиќ, една од најреномираните и најпреведувани српски поети од младата генерација. Главна цел на престојот е да се продлабочат контактите со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Македонија, како и подготвувањето на неговата најнова книга.
Во чест на гостинот, во Скопје, во клубот ГЕМ, на 28 април, во 19ч., ќе се одржи книжевна вечер. Домаќин на вечерта е Роберт Алаѓозовски, кој ќе го претстави авторот. Стиховите на македонски ќе ги кажува младата поетеса, Елена Митреска.
Дејан Матиќ ероден во 1979 година во Крушевац. Дипломирал книжевност на белградскиот универзитет. Автор е на неколку книги поезија: „Помеѓу триесет и третатата и смртта“, „Хостел“ и други. Добитник е на националната награда за најдобра поетска книга во 2013 година, „Мирослав Антиќ“. Основач и главен уредник е на книжевното списание Треќи трг, каде што има објавено и многумина македонски поети. Освен тоа бил уредник и на списанијата „Поезија“ и „Источник“. Организатор е на меѓународниот фестивал на книгата и поезијата „Тргни се! Поезија!“ во Белград. Член е на Друштвото на писатели на Србија.
За творештвото на Матиќ велат дека е една современа опсесија со минливото, со патувањето, со она што стои меѓу сегашноста, минатото и иднината. Тој е обземен со потрагата по полнотијата на мигот, онака како што текот на животот ни се измолкнува меѓу рацете. Неговиот дискретен лиризам и инсистирањето на интимните светови и доживувања, го прави нетипичен автор во помладата српска поезија.
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
After an 11-month run at the top of the sales charts, the Xbox One finally outsold the PS4 in November in the US and UK. In the US alone, Xbox One sales totaled an impressive 1.2 million units in November.
ОдговориИзбришиRunescape Gold